Google инвестира во контролите без допир

Објавено на 07.10.2013 во Новости



Google инвестира во контролите без допир

Се проценува дека Google од 2010 година па се до денес купува една компанија неделно, со цел да обезбеди нови проекти, иновации и талентиран кадар кој потоа ќе го искористи за сопствени потреби, а од друга страна ќе спречи тоа знаење да падне во рацете на конкурентите.

Најнова аквицизија е компанијата Flutter која како што асоцира името е специјализирана за контроли без допир, односно со гестови и одманвување со раката над површината на екранот. Зделката се претпоставува дека не изнесува повеќе од 5 милиони долари, што значи дека Google поминал евтино, а ова е само дел од стартегијата за развој на софтвер кој ќе се управува без допир.

Целта на Google е да му се доближи на Samsung кој разви сопствен софтвер како паметните контроли кои се активираат со одмавнување на раката над површината на екранот и со отргнување на погледот за автоматско паузирање на видеото. Затоа на Google му треба овој проект кој ќе се вгради во корисничкиот интерфејс на Android, a во тој случај нема да назадува во однос на Samsung кој се повеќе се осамостојува.

Употребата на проектот на Flutter освен во платформата на Android може да се искористи и за поголема функционалност на паметните очила Google Glass, со препознавање на гестовите на раката и очите со што би се активирале различни опции без притоа корисникот да посегнува кон очилата, туку да ги користи на поприроден начин.

Автор

Христијан Станоевиќ

Автор: Aleksandar Stankov