Samsung најави евтини осум-јадрени смартфони

Објавено на 07.10.2013 во Новости



Samsung најави евтини осум-јадрени смартфони

Samsung склучил договор со кинескиот производител на процесори Mediatek кој е многу поевтин во однос на Qualcomm, Intel или NVIDA, а целта да се опремуваат следните смартфони од ниската и средната класа.

Mediatek во овој момент може да понуди квалитетни четири јадрени и осум јадрени процесори, а токму нивната визија подразбира масовна употреба на оваа технологија пред се кај смартфните со пониска цена кои се достапни за поголем број на купувачи.

Тоа нема да му пречи на Samsung кој и понатаму ќе ги развива Exynos процесорите кои се наменети за високата класа и најскапите смартфони како Samsung Galaxy Note 3 и Galaxy S4. Затоа пак, ќе бидат намалени трошоците за производство на уредите од средната и ниската класа кои во комбинација со популарниот бренд на Samsung и ниската цена ќе бидат главен избор за потрошувачите.

Автор

Христијан Станоевиќ





Прочитајте повеќе: