Фаблетот Nokia Batman е официјално претставен

Објавено на 23.10.2013 во Новости



Фаблетот Nokia Batman е официјално претставен

Овој смартфон на интернет се појави пред два месеци и од тогаш сите го нарекуваат Nokia Batman иако финската компанија вчера го лансираше како Nokia Lumia 1320, односно за нијанса скратена верзија на првиот фаблет Lumia 1520.
 
 
Nokia Lumia 1320 исто така има 6 инчен екран што го прави вториот по ред фински хибриден уред, но со за нијанса пониска резолуција од 1280x720 пиксели доволна за HD стандардот. Понатаму кратења има и во внатрешноста па со него доаѓаат само 8 GB меморија и 1 GB RAM за мултитаскинг, како и дво-јадрен Qualcomm Snapdragon процесор, но со слот за microSD картичка.
 
 
Интересно е што Nokia Lumia 1320 се појавува на само три дена пред официјалното пуштање на новата игра Batman:Arkham Origins што на некој начин му даде дополнително внимание иако овој мобилен засега нема голема поврзаност со Темниот витез.
 
 
Но, доколку сте нетпреливи за овој смартфон како и за играта ќе треба да почекате уште некој месец пред Nokia Lumia 1320 а.к.а Batman да влезе во продажба по цена од 350 долари.