Skype пристигнува кај BlackBerry Z10

Објавено на 27.10.2013 во Blackberry



Skype пристигнува кај BlackBerry Z10

Корисниците на BlackBerry Z10 наскоро ќе добијат официјална апликација за Skype VoIP сервисот за комуницирање со интерфејс кој целосно ќе биде прилагоден на софтверот на смартфонот, но и ќе има многу поприроден изглед, речиси идентичен како и десктоп верзијата.
 
 
Досега корисниците на BlackBerry Z10 можеа да ја инсталираат Android верзијата на Skype која е достапна во маркетот на апликации BlackBerry World, но нејзината функционалност е многу ограничена со оглед дека е наменета за сосема друг систем.
 
 
Од BlackBerry соопштија дека корисниците можноста за инсталирање на оригиналната Skype апликација ќе ја добијат заедно со надградбата на оперативниот систем BlackBerry 10.2, a компатибилни смартфони со Skype покрај BlackBerry Z10 ќе бидат сите кои ќе работат на оваа надградба.