Одлична апликација за управување на компјутерот од мобилен

Објавено на 05.11.2013 во Android



Одлична апликација за управување на компјутерот од мобилен

Во маркетот на апликации Google Play Store е лансирана нова апликација со која ќе може целосно да го управувате компјутерот преку вашиот Android смартфон со бројни функции како регулирање на системската состојба и повеќе мултимедијални контроли.
 
Power-Grid - screenshot
 
Со апликацијата Power-Grid веќе подготвен интерфејс со повеќе команди во категориите системски податоци на компјутерот, контрола на звукот и медиа плеерите, како и регулирање на сите известувања од Facebook, Twitter, Skype преку комуникациското поле. 
 
Power-Grid - screenshot
 
Главната намена на Power-Grid е да ја користите апликацијате за време на гејминг, односно да ги следите системските функции на процесорот, RAM меморија и мрежното интернет поврзување, со можност за внесување повеќе корисни команди.
 
Power-Grid - screenshot
 
Power-Grid е бесплатна за инсталирање и е прилично едноставна за користење, а одредени фунции на контрола може и самите да ги прилагодувате во зависност од вашите потреби. Ова е една од најдобрите нови апликации за Android и со сигурност ќе ви се најде доколку често играте игри и користите мултимедијални содржини.