Нови СМС пораки за Android преку Hangouts
Објавено на 08.11.2013 во Android
Поминаа веќе две недели откако Google најави нова политика на одбирање на една апликација за испраќање на СМС пораки, па така сите Android корисници сега ќе може да го користат Hangouts сервисот за допишување испраќајки и СМС пораки.
Надградбата на Google Hangouts веќе е поставена во маркетот на апликации Play Store и може да ја инсталира секој Android корисник чиј смартфон работи најмалку на верзијата 4.0 Ice Cream Sandwich, додека пак за жал постарите верзии не ја добиваат оваа функционалност.
Со надградбата на Hangouts покрај СМС пораки ќе може да праќате и GIF анимации, како и да воспоставувате видео повици во HD резолуција. Доколку сте ја одбрале опцијата за автоматско надградување на апликациите новата верзија на Hangouts ќе пристигне во текот на овие денови, но доколку не ви се чека надграбата може да ја превземете од Play Store.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.