Променете го заклучениот екран на Android со Invisible Lock

Објавено на 11.11.2013 во Android



Променете го заклучениот екран на Android со Invisible Lock

Invisible Lock е нова апликација за Android која ќе ви овозможи да го промените начинот на кој функционира заклучениот екран на вашиот смартфон, а предноста на апликацијата е што е транспаретна и ја прикажува позадината на заклучениот екран.
 
Invisible Lock - screenshot
 
При користење на Invisible Lock може да го отклучите екранот со четири гестови, односно со лизгање по екранот во сите четири насоки од лево кон десно, како и од врвот кон дното и обратно.
 
Invisible Lock - screenshot
 
Единствен недостаток на Invisible Lock е што не може да внесувате дополнителни панели на заклучениот екран преку кои со кратенки ќе ја отворите апликацијата за камерата или пак некој друг сервис. Доколку сте заинтересирани Invisible Lock може да ја превземете бесплатно од Play Store.