BlackBerry брзо ќе се трансформира

Објавено на 13.11.2013 во Новости



BlackBerry брзо ќе се трансформира

Џон Чен новиот извршен директор на BlackBerry во отворено писмо им порача на корисниците ширум светот дека компанијата брзо ќе се трансформира и ќе се врати на патеките на успехот.
 
 
Според Чен BlackBerry има славно минатото, но сега треба да се гледа напред и да се продолжи со обезбедување на врвна услуга на корисниците. Најважно во овој момент е да се трансформира мобилната понуда со нови и подобри уреди, а да се одржат успешните сервиси како BlackBerry Messenger.
 
 
Џон Чен нема долго време да се задржи како главен извршен директор и веќе се бара негов заменик кој ќе биде трајно решение, но во овие моменти тој превзема дел од одговорностите и внесува оптимизам за иднината на компанијата што е одлика на вистински бизнисмен.