Windows Phone 8 забележа раст од 156 проценти

Објавено на 18.11.2013 во Новости



Windows Phone 8 забележа раст од 156 проценти

Според податоци на IDC во третиот квартал од 2013-та година најголем раст има забележано Windows Phone 8 од 156 проценти во споредба со мината година. Тоа најмногу се должи на одличната продажба на Nokia Lumia 925 и Lumia 1020 со моќната 41 мегапикселна камера, како и на евтиниот Lumia 520.
 
 
Windows Phone 8 се сместува на третото место со 4% зад Android кој има најголем процент на продадени смартфони и таблети неверојатни 80.1%, додека Apple е втор со 12.9% иако има продадено повеќе уреди од истиот период лани, но бројката е добиена како резултат на поголемиот број на вкупно продадени смартфони од сите производители. 
 
 
Ако се гледа трендот на раст се очекува Windows Phone 8 да забележи многу подобри резултати во наредниот период со оглед на пласманот на новите уреди како Nokia Lumia 1520 и Nokia Lumia 2520 кои понудија врвен хардвер и имаат високо ниво на квалитет како и конкурентите од Android.