Nokia Lumia 1520 го има убедливо најдобриот екран досега

Објавено на 19.11.2013 во Новости



Nokia Lumia 1520 го има убедливо најдобриот екран досега

Nokia се пофали дека го создала досега најкавлитетниот екран употребен на мобилен телефон било кога во најновиот модел Lumia 1520. Кај него е употребена новата Assertive Display технологија која функционира исто како човековото око, односно се прилагодува на надворешните услови.
 
 
На овој начин видливоста на Nokia Lumia 1520 е значително зголемена бидејќи дисплејот ја детектира осветленоста, како и сите надворешни влијанија па може да ги менува опции кои одлично се прилагодуваат на нашето око. 
 
 
Nokia Lumia 1520 користи IPS LCD eкран со големина од 6 инчи со HD резолуција од 1080 x 1920 пиксели, a со Assertive Display технологијата промените од надворешноста се применуваат на боите и светлината на секој поединечен пиксел и тоа во реално време. 
 
 
Затоа Nokia Lumia 1520 успеа да ги победи сите конкуренти во класата како Samsung Galaxy Note 3 и Sony Xperia Z Ultra кои исто така имаат HD екрани со приближна големина, но ја немаат Assertive Display технологијата која се покажа како полн погодок.
 




Прочитајте повеќе: