Фановите го навредија BlackBerry до коска

Објавено на 19.11.2013 во Новости



Фановите го навредија BlackBerry до коска

Кога си ја бараш бељата, особено на интернет богами и ќе си ја најдеш. Канадската компанија BlackBerry покрена нова кампања за да ги ангажира фановите, но наместо позитивни доби лавина на негативни коментари и потсмевање.
 
 
Имено BlackBerry објави повик до фановите и корисниците да достават идеи за нови емотикони за Messenger апликацијата, но доби прилично креативни навредливи коментари затоа што ова е најмалку што им треба во моментот.
 
 
Еден од нив напиша „Би нацртал клинец, за да го заковам во нивниот ковчег“, друг даде идеја дека тој што ќе ја опише очајната состојба на BlackBerry каде наместо решение се бараат глупави идеи од фановите и создаде емотикон за тоа треба да добие награда. 
 
 
Еден од коментарите е дека барањето на помош на BlackBerry од фановите е исто како да бараш чаша вода, додека ти гори куќата. Завршниот коментар е и најдобар, еден корисник напишал BlackBerry треба да ги види овие предолози и сите емотикони да ги направи бесни.