Крај на лажираните тест резултати на мобилните

Објавено на 22.11.2013 во Новости



Крај на лажираните тест резултати на мобилните

Најпознатите производители беа фатени како ги лажираат популарните тестови за перформанси наречени бенчмаркови со посебни софтверски додатоци кои ја препознаваат апликацијата за тестирање и ги активираат компонентите за приказ на подобри резултати, но најверојатно ќе му биде ставено крај на ова лажирање.
 
 
За тоа ќе се погрижи новата бенчмарк апликација GameBench која ги тестира можностите на смартфонот со активирање на најкомплицираните игри за Android, а истовремено во позадинa ги мери перформансите поврзани со брзина на извршување на задачите, перформансот на екранот со одржување на стабилна слика како и потрошувачката на енергија. 
 
Cheat this! New benchmark claims to have solved cheating, pits the Galaxy S4 with the HTC One
 
Доколку смартфонот се покаже на сите тестови ќе се утврди дека не го скратува времето на извршување на сложените операции, нема брзо трошење на батеријата и ги искористува сите капацитети на употребениот хардвер со што на крајот ќе се добијат многу пореални резултати.
 
Cheat this! New benchmark claims to have solved cheating, pits the Galaxy S4 with the HTC One
 
GameBench наскоро ќе биде лансирана како апликација за Android во Play Store и секој корисник ќе може да го тестира својот смартфон и да ги добие вистинските резултати за можностите на уредот, без оглед на тврдењата на производителот за брзината и моќноста, а истите ќе им послужат и на тие што сакаат да купат нов мобилен телефон.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ