50 години Doktor Who - Влезете во 3D вселенската машина

Објавено на 22.11.2013 во Android



50 години Doktor Who - Влезете во 3D вселенската машина

Денес се одбележуваат 50 години од создавањето на Doctor Who еден од најпознатите ликови од научно-фантастичните серии кои долго време се емитуваат на британскиот канал BBC. Во негова чест Google го претстави досега најголемиот Doodle (мини игра) на почетниот пребарувач, додека пак ние ви препорачуваме една одлична 3D апликација.
 
 
Посебниот Doodle посветен на Doctor Who е игра каде може да одберете еден од досегашните 11 доктори, односно 11 различни актери кои ја толкуваа оваа култна улога. Во Google има голем број фанови на серијата кои ја иницираа оваа посвета, а исто така и ние се вклучуваме со наш предлог, а тоа е апликацијата Doctor Who AR Tardis.
 
 
Со оваа 3D апликација се создава ефектот на популарниот Tardis кој е сместен во телефонска говорница и со него може да се патува низ времето. Doctor Who AR Tardis ја користи технологијата на пренесена реалност и со доближување на екранот до некоја рамна површина се појавува вортексот кој во серијата се појавува кога Докторот патува низ универзумот.
 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ