Apple ја започна продажбата на отклучениот iPhone 5s

Објавено на 23.11.2013 во Новости



Apple ја започна продажбата на отклучениот iPhone 5s

Apple започна да го продава отклучениот iPhone 5s за кој нема обврска за склучување на договор и избор на оператор, но како и секогаш оваа верзија на смартфонот е многу поскапа од вообичаената и неговата цена изнесува високи 649 долари.
 
 
Отклучената верзија на iPhone 5s исто така се нуди со три бои на маската црна, сива и златна, додека пак смартфонот работи со сите видови на меѓународни мобилни мрежи, што значи може да се користи и со GSM френкфенциите во Европа.
 
 
Купувачите ќе може да го нарачаат отклучениот iPhone 5s по електронски пат од онлајн продавницата на Apple Store, а понатаму се очекува негова достапност во повеќе земји. Основната верзија од 649 долари се продава со 16 GB меморија, додека тие со 32 и 64 GB меморија чинат за сто долари повеќе секоја.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: