Апликација на денот - KiK е најбрзиот месенџер досега

Објавено на 26.11.2013 во Android



Апликација на денот - KiK е најбрзиот месенџер досега

KiK e најновиот хит месенџер кој ги урива сите рекорди на користеност со над 90 милиони претплатници создадени за само неколку месеци. Предноста на KiK е што може да се инсталира на сите мобилни платформи, за поврзување со вашите пријатели во секое време.
 
 
KiK е дури повеќе популарен од BlackBerry Messenger кој тргна многу амбициозно со лансирањето на платформите Android и iOs, но по почетните проблеми корисниците се свртеа кон оваа многу едноставна и кул апликација. Кај KiK не треба да го регистрирате телефонскиот број, туку креирате корисничка сметка со е-меил адреса и го запишувате вашиот прекар кој ќе се прикажува на останатите корисници.
 
 
Бидејќи се работи за почетна платформа во рана фаза постои можноста KiK да го пребара телефонскиот именик и другите внесени контакти за да провери дали и тие ја имаат инсталирано апликацијата, а исто така ви дава можност да им испратите и покана да ви се придружат по пат на SMS или е-меил.Наш совет е да го инсталирате KiK и да им испратите покана или пак да им ја посочите месенџер апликацијата на вашите пријатели и така ќе создадете круг на контакти со кои во секое време ќе може бесплатно да се допишувате. 
 
 
Апликацијата е наменета за оние кои допишувањето преку Facebook не им е привлечно, а исто така им се потребни многу повеќе можности за комуникација, па затоа KiK е вистински избор.
 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ