Новиот HTC One е уште подобар

Објавено на 28.11.2013 во Новости



Новиот HTC One е уште подобар

Тајванскиот производител лансираше нова верзија на супер смартфонот HTC One која со себе носи две големи подобрувања. Најпрво новата верзија ќе работи на две SIM картички, а што е уште поважно ќе може да се поврзе и со мемориска microSD картичка за зголемување на меморискиот капацитет.
 
 
Новиот HTC One ќе има мала промена во дизајнот, бидејќи неговата задна прекривка ќе може да се извади за да се добие пристап до батеријата и новиот слот за мемориска картичка.
 
 
HTC One Dual SIM како што е целосното име на новиот модел започнува со продажба во Европа, а сега може да се нарача од официјалниот сајт на HTC во Велика Британија по цена од 500 фунти што е околу 600 евра за верзијата на смартфонот која се продава без склучен договор и со отклучена SIM картичка.