BlackBerry ќе дели предновогодишни подароци

Објавено на 30.11.2013 во Новости



BlackBerry ќе дели предновогодишни подароци

BlackBerry можеби поминува низ тежок финансиски период одбележан со огромен пад на продажбата и профитот, но тоа не ги спречува да влезат во празничната сезона расположени за доделување на подароци за своите корисници.
 
 
Компанијата соопшти дека корисниците на BlackBerry 10 мобилните телефони секој ден ќе може да ја посетат онлајн продавницата на апликации, игри и мултимедијални содржини каде ќе добијат ексклузивни бесплатни понуди на премиум содржините.
 
 
Промотивниот предпразничен период ќе трае од 1-ви декември па се до 25 декември, односно до почетокот на прославувањето на католичкиот Божик. Корисниците ќе добијат ексклузивни дневни понуди во зависност од уредот што го користат.