Фантастичниот Alcatel Idol X+ доаѓа заедно со паметен часовник

Објавено на 02.12.2013 во Новости



Фантастичниот Alcatel Idol X+ доаѓа заедно со паметен часовник

Alcatel за кратко време успеа да го првилече вниманието по најавата дека нивниот нов смартфон Alcatel Idol X+ ќе работи на супер моќниот осум-јадрен Mediatek процесор, но тоа не е се бидејќи се подготвува уште едно изненадување. Според најновите информации на денот на промоцијата на Alcatel Idol X+ ќе биде прикажан и првиот смартчасовник на компанијата, заедно со уште еден новитет, а тоа е паметна алка.
 
 
TCL кинеската компанија која се стекна со сопственоста на брендот ќе ги пласира новите уреди во текот на овој месец во Кина под името TCL, додека пак на интернационалниот пазар ќе го задржат името Alcatel. Од смарт часовникот и смарт алката може да се очекува дека ќе работат како помошни уреди за Alcatel Idol X+.
 
 
Инаку Alcatel Idol X+ ќе биде вистински рекордер со Full HD екран од 5 инчи, со 2 GB RAM и 13 MP камера, а ќе се продава во Европа по цена од околу 300 до 350 евра што е сосема прифтлива сума за високо квалитетен смартфон од премиум класата.