Џастин Бибер ќе го спасеше BlackBerry

Објавено на 06.12.2013 во Новости



Џастин Бибер ќе го спасеше BlackBerry

Мега популарниот поп пејач Џастин Бибер пред повеќе од една година требало да стане заштитно лице на канадскиот производител BlackBerry, но директорите на маркетинг ја одбиле понудата, што можеби е и нивната најголема грешка.
 
 
Младиот Џастин Бибер е роден во Канада, а низ целиот свет има огромна армија на обожавaтелки кои лудуваат по него, но тоа не ги уверило шефовите на BlackBerry кои се одлучија да ја одберат Алиша Кис при промоцијата на оперативниот систем BlackBerry 10 заедно со новите смартфони.
 
 
Секако неуспехот на BlackBerry не се должи само на слабиот маркетинг кој не успеа да привлече внимание, туку повеќе се должи на слабата понуда  и  лошите одлуки на менаџментот, но со ектремно популарниот Џастин Бибер како заштитно лице компанијата би имала многу поголеми шанси за придобивање на младата популација, а со тоа и многу повеќе продадени телефони.