CyanogenMod ќе ги заштити SMS пораките од шпионирање

Објавено на 10.12.2013 во Новости



CyanogenMod ќе ги заштити SMS пораките од шпионирање

CyanogenMod уште од летото работи на енкрипција на SMS пораките заедно со компанијата WhisperSystems по избивањето на големиот скандал со прислушкување и следење на мобилните телефони од страна на NSA.
 
 
Според последните информации CyanogenMod и WhisperSystems конечно успеале да обезбедат енкрипција на SMS пораките со што корисникот ќе добие заштита и нема да може да биде откриена нивната содржина. 
 
 
Енкрипцијата на SMS пораки е достапна во една од најновите верзии на CyanogenMod 10.2, a наскоро ќе биде достапна и за верзијата CyanogenMod 11 која е базирана на оперативниот систем Android 4.4 KitKat.