Наследникот на евтиниот Nokia Lumia 625 е топ тајна

Објавено на 20.12.2013 во Новости



Наследникот на евтиниот Nokia Lumia 625 е топ тајна

Nokia под капата на Microsoft ќе лансира уште еден смартфон од евтината средна класа кој на интернет на повеќе наврати се појавува под кодното име Nokia Moneypenny, односно помошничката на Џејмс Бонд и сеуште се држат во тајност неговите спецификации.

Од тоа што може да се претпостави Nokia Moneypenny ќе биде лансиран како Nokia Lumia 635 и се очекува да биде мала надградба во однос на неговиот претходник  Nokia Lumia 625, барем во делот на екранот од 4.7 инчи со повисок степен на резолуција и ќе биде еден од првите смартфони кој ќе дојде заедно со новиот оперативен систем Windows Phone Blue.

Nokia Moneypenny или Nokia Lumia 635 најверојатно ќе има верзија која ќе работи на две SIM картички и во наредниот период ќе бидат познати многу повеќе детали пред планираниот пласман во почетокот на 2014 година.