Yahoo се опамети и ги врати старите функции

Објавено на 20.12.2013 во Новости



Yahoo се опамети и ги врати старите функции

Доколку денес отворивте е-mail на Yahoo ќе ја прочитавте пораката „Shhh the tabs are back“ што ја покажува силата на корисниците, но и на медиумите кои не штедеа негативни критики кон компанијата по воведувањето на новиот дизајн со голем број на недостатоци.
 
 
Не само што е вратена опција за отворање на повеќе е-mail пораки истовремено, сега има и додано нова можност за преглед на еден екран на сите отворени пораки, што го олеснува пристапот до електронска пошта. 
 
 
На овој начин корисниците ќе можат многу полесно да комуницираат и да го користат е-mail сервисот на Yahoo како и порано со подобренба функционалност и побрзо завршување на работните обврски за тие што го користат во деловната коренсподенција.
Автор: Aleksandar Stankov