HTC Butterfly S надграден со Android 4.3 и Sense 5.5

Објавено на 20.12.2013 во Новости



HTC Butterfly S надграден со Android 4.3 и Sense 5.5

HTC Butterfly S е еден од најдобрите смартфони на тајванската компанија кој прв ја започна серијата на уреди со супер квалитетни Full HD екрани. Освен тоа HTC Butterfly S беше омилен смартфон на многу корисници па затоа веста за последната надградба е одлична.
 
 
HTC Butterfly S започнува со надградбата на оперативниот систем со верзијата на Android 4.3 Jelly во пакет со најновиот кориснички интерфејс Sense 5.5 кој ги прави смартфоните на HTC многу автентични и различни од останатите.
 
 
Пакетот на надградбата изнесува 746 MB и ќе биде доставен до корисниците преку системот за онлајн инсталација. HTC Butterfly S исто така е ставен на листата за добивање на последната Android 4.4 KitKat верзија заедно со премиум моделите како HTC One и HTC One Max.
 




Прочитајте повеќе: