Samsung Galaxy Grand 2 пуштен во продажба

Објавено на 24.12.2013 во Новости



Samsung Galaxy Grand 2 пуштен во продажба

Токму на време пред почетокот на сезоната на празници Samsung Mobile на пазарот ќе го пласира новиот смартфон Samsung Galaxy Grand 2 кој ќе ги привлече купувачите кои сакаат уред со голем екран и пристојна цена.
 
 
Samsung Galaxy Grand 2 е мини верзија на многу поквалитетниот Galaxy Note 3, но затоа пак нуди основно ниво на функционалност и можност за користење на огромен екран од 5.2 инчи со високо ниво на HD резолуција од 720 x 1280 пиксели.
 
 
Освен квалитетниот екран Samsung Galaxy Grand 2 може да се пофали и со четири-јадрен процесор, 1.5GB RAM, 8 мегапикселна камера, како и маска која на задната страна е обложена со мека кожа. Смартфонот ќе се продава по цена од околу 350 долари за основната верзија со 8 GB меморија која може да се надополни со мемориска картичка.