Моќниот Alcatel Idol X+ лансиран заедно со смарт алка

Објавено на 27.12.2013 во Новости



Моќниот Alcatel Idol X+ лансиран заедно со смарт алка

Alcatel Idol X+ е еден од првите смартфони кој беше најавен пред речиси еден месец како дел од понудата на новиот осум-јадрен процесор на MediaTek за кој се тврди дека може да ги користи сите јадра истовремено, а што е најважно придонесува за многу пониска цена во премиум класата.
 
 
Сега Alcatel Idol X+ конечно е пуштен на продажба и тоа заедно со уште еден интересен додаток Boom Band смарт алка која се поврзува преку Bluetooth и ќе послужи за примање на известувања од смартфонот, но нема голем број на додатни функции како еден паметен часовник.
 
 
За Alcatel Idol X+ може да се кажат само позитивни коментари, а тоа го потврдуваат и бенчмарк тестовите каде се забележани едни од највисоките резултати. Смартфонот поседува и 2 GB RAM и 13 MP камера и ќе се продава по цена од 300 долари.
Автор: Aleksandar Stankov