Евтиниот Nokia Lumia 525 влегува во проджба

Објавено на 27.12.2013 во Новости



Евтиниот Nokia Lumia 525 влегува во проджба

Nokia Lumia 525 е еден од најновите смартфони на финската компанија кој по најавата од пред еден месец влегува во продажба и доколку се земе во предвид дека неговиот претходник Nokia Lumia 520 беше апсолутен хит поради ниската цена нема да изненади доколку надградената верзија го постигне истиот успех.
 
 
Nokia Lumia 525 од вчера започна да се продава во Кина со што се докажува дека најнаселената држава во светот е најпривлечниот пазар за мобилната индустрија. Цената на новиот смартфон изнесува 150 долари и по кинеската авантура се очекува Nokia да го продолжи пласманот во Европа и САД.
 
 
Nokia Lumia 525 има солидни карактеристики во однос на поставената цена со 4 инчен IPS LCD екран со резолуција од 480 x 800 пиксели, понатаму дво-јадрен Qualcomm Snapdragon S4 процесор, 1 GB RAM, Adreno 305 графичка и 8 GB вградена меморија која може да се надополни преку microSD картичка до 64 GB.