Третиот смартчасовник на Sony е на пат

Објавено на 27.12.2013 во Новости



Третиот смартчасовник на Sony е на пат

Sony Mobile до сега успешно криеше од јавноста дека подготвува нов паметен часовник кој ќе биде вкупно трет во серија, а тајната е откриена по поднесувањето на документите за одобрение од Амриканската комисија за комуникации.
 
 
За Sony SmartWatch 3 не се познати многу детали благодарение на новата политика на компанијата која реши да ги спречи протекувањата на информации но, може да се очекува датумот на промоција да биде закажан некаде во првата половина на 2014 година, можеби на CES 2014 ќе се појави заедно со некој од новите смартфони.