Facebook ќе ве изгори се сметката за интернет

Објавено на 30.12.2013 во Новости



Facebook ќе ве изгори се сметката за интернет

Наскоро ќе започне да се применува новиот систем за видео реклами на Facebook, најкористената светска социјална мрежа, но корисниците треба да бидат внимателни бидејќи видеата кои ќе се пуштаат автоматски ќе ве изгорат со сметката за мобилниот интернет.
 
Facebook ќе не бомбардира со видео реклами
 
Според најновите информации Facebook ќе воведе опција со која видеата ќе се симнуваат на мобилниот телефон додека е поврзан на W-Fi мрежата но, ако ги пуштите додека сте поврзани на мобилна мрежа ќе се смета дека одново се симнуваат што може драстично да го зголеми интернет сообраќајот, а со тоа и сметките за мобилен интернет.
 
 
Истото ќе важи и со новите промени во мобилната апликација на Facebook каде ќе може да ги гледате видеата од вашите пријатели, па затоа треба да ја изберете опцијата тие да се симнуваат и пуштаат само кога смартфонот е поврзан на Wi-Fi мрежа.
Автор: Aleksandar Stankov