Sony изненади со два нови квалитетни смартфони

Објавено на 14.01.2014 во Новости



Sony изненади со два нови квалитетни смартфони

Sony официјално промовираше два нови смартфони со огромен екран со дијагонала од 6 инчи. Најнови уреди во Xperia семејството се Sony Xperia T2 Ultra и Sony T2 Ultra dual кој како што асоцира самото име ќе работи на две SIM картички.
 
 
Sony Xperia T2 Ultra е вториот фаблет во понудата на јапонската компанија и за разлика од чудовиштето Sony Togari, ќе се продава по многу пониска цена, а тоа подразбира и за нијанса послаби хардверски компоненти. Sony Xperia T2 Ultra има 6 инчен Triluminos дисплеј со HD резолуција од 720 x 1280 пиксели и многу тенко тело од само 7.6 инчи.
 
 
Компромисот е направен во внатрешноста каде е употребен четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 400 процесор со брзина од 1.4 GHz, заедно со 1 GB RAM и 8 GB меморија која може да се прошири преку microSD картичка.
 
 
Сепак, Sony Xperia T2 Ultra не треба да се потцени бидејќи поседува 13 мегапикселна камера со квалитетниот Exmor RS сензор и го напојува одлична батерија со капацитет од 3000 mAh. 
 
 
Sony Xperia T2 Ultra и Sony T2 Ultra dual се одлични смартфони или популарно наречени фаблети кои ќе се продаваат по цена од 400 долари, што е сосема прифатливо за уреди од средната висока класа. Во продолжение погледнете го и првото видео за новите Sony Xperia T2 Ultra и Sony T2 Ultra dual.