Кинескиот Apple ќе ја освои Европа

Објавено на 21.01.2014 во Новости



Кинескиот Apple ќе ја освои Европа

Meizu е најверојатно компанијата која во 2013-та година оствари најголем раст во мобилната индустрија, но со пласман на своите смарттфони само на домашно кинеско тло. Сега, апетитите се зголемени и кинескиот Apple ќе го открие планот за освојување на Европа.
 
 
Првиот чекор кон глобално присуство Meizu најверојатно ќе го направи во Европа, а големата промоција ќе се случи во февруари на бизнис саемот за мобилни телефони MWC 2014 кој се одржува во Барселона. 
 
 
Најдобриот нивни смартфон Meizu MX4 треба да биде претставен наскоро и за него компанијата вети 5.5 инчен QHD екран со резолуција од рекордни 2560 х 1536 пиксели, додека пак неговите хардверски компоненти ќе ги сочинуваат осум-јадрен процесор, 3 GB RAM и 16 мегапикселна камера.
 
 
Meizu успеа да привлече огромно внимание надвор од Кина бидејќи претстави неколку супер квалитетни смартфони по могу прифатлива цена, а со тоа сруши и неколку рекорди на продажба каде владееше речиси истиот интерес како и за моќниот iPhone.