Acer Liquid Z5 е Android кој сака да биде Windows

Објавено на 23.01.2014 во Новости



Acer Liquid Z5 е Android кој сака да биде Windows

Acer е еден од највредните производители во светот на технологијата но, ретко нивните смартфони или таблети привлекуваат големо внимание, но затоа новиот Liquid Z5 има скриен адут кој може да биде привлечен за купувачите, а успеа да го задржи нашето внимание.

Acer Liquid Z5 работи на оперативниот систем Android 4.2.2 Jelly Bean, но почетното мени е во стилот на интерфејсот на смартфоните со Windows Phone 8. Секако не се работи за некаков хибрид кој ги има двата оперативни системи, туку е само умешен потег со креирање на овој кориснички интерфејс кој е уреден во стилот на LiveTies менито на Windows Phone 8.

Acer Liquid Z5 е инаку смартфон од средната класа со 5 инчен екран со многу ниска резолуција од 480 x 854 пиксели, 5 мегапикселна камера, дво-јадрен MediaTek процесор со брзина од 1.2 GHz, 512 MB RAM, 4GB вградена меморија, подршка за MicroSD мемориска картичка до 64 GB и батерија со капацитет од 2.000 mAh. Неговата цена во Европа изнесува околу 160 евра.