Надградбата за BlackBerry 10 пристигна - Еве што е ново

Објавено на 29.01.2014 во Blackberry



Надградбата за BlackBerry 10 пристигна - Еве што е ново

Смартфоните од најновата генерација на канадскиот производител ја добија софтверската надградба на оперативниот систем BlackBerry 10.2.1 и од почетните реакции може да се заклучи дека се работи за навистина квалитетна надградба.
 
 
Со новата верзија на оперативниот систем BlackBerry 10.2.1 ќе се подобри апликацијата BlackBerry Priority Hub која ќе ги учи вашите постапки и на тој начин навремено ќе ви ги прикажува сите најнови и најважни информации, како пораки, пропуштени повици и известувања од интернет сервисите и социјалните мрежи.
 
 
Понатаму во надградбата на софтверот е вклучена и алатка за управување и мониторинг на работата на батеријата со што треба да се подобри нејзината издржливост. Голем напредок има и во користењето на сервисот за комуникација BlackBerry Messeger со кого сега ќе може да испраќате брзи одговори на пораки и повици.
 
 
Во делот на интернетот корисниците ќе може да сочувуваат веб страни кои потоа ќе може да ги отворат и без интернет конекција, а исто така ќе добијат и FM радио. Надградбата BlackBerry 10.2.1 е наменета за смартфоните BlackBerry Z10, Q10, Q5, Z30 и до крајот на месецот ќе биде достапна во сите региони.