Huawei Ascend P7 повторно ќе руши рекорди

Објавено на 04.02.2014 во Новости



Huawei Ascend P7 повторно ќе руши рекорди

Huawei го подготвува наследникот на ланскиот супер смартфон Huawei P6 кој во одреден период го држеше рекордот на најтенкиот мобилен на светот со само 6.18 милиметри дебелина на телото. Сега на ред е новиот уред со кодно има Huawei Sophia да ја врати круната.
 
 
Според кинеските медиуми не очекува уште еден фантастичен смартфон кој ќе донесе огромен број на подобрувања како 5 инчен Full HD екран, 2 GB RAM, фанатастична 13 мегапикселна камера, рекордна 8 мегапикселна предна камера, моќен четири-јадрен HiSilicon процесор и солидна батерија со капaцитет од 2460 mAh.
 
 
Сеуште не е откриено колку тенко ќе биде неговото тело и дали повторно ќе го сруши  рекордот, но сигурно ќе биде искористен многу исклучителн материјал за дизајнот. Huawei Ascend P7 ака Sophia ќе работи на најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4 KitKat и се очекува да се појави во април.