Како да гледате YouTube видеа на BlackBerry

Објавено на 06.02.2014 во Blackberry



Како да гледате YouTube видеа на BlackBerry

Корисниците на BlackBerry за жал немаат оригинална апликација од бесплатниот видео сервис YouTube за своите мобилни, па принудени се да ја користат веб верзијата на YouTube или пак да инсталираат прилагодена верзија на YouTube од Android, но од неофицијани маркети на апликации што може да биде ризично, нефункционално и комплицирано, па затоа ви ја претставуваме најдобрата алтернатива.
 
 
За да може слободно да гледате музички спотови и видеа од YouTube најдобро е да ја инсталирате бесплатната апликација SuperTube која ја има речиси истата функционалност како и оригиналната апликација, може да одбирате степен на резолуција и дали ќе ги гледате видеата преку Wi-Fi или мобилна мрежа.
 
 
Апликацијата SuperTube ја има речиси истата организација на менито како и YouTube сервисот и лесно ќе ја најдете омилената содржина. SuperTube може бесплатно да ја инсталирате од официјалниот маркет BlackBerry World за оперативниот систем BlackBerry 10.