Совет како да заштедите на сметката за мобилен

Објавено на 12.08.2014 во Туториали



Совет како да заштедите на сметката за мобилен

Постојано расте бројот на корисници кои купуваат нови паметни телефони и се повеќе ги користат интернет сервисите, но доколку не внимавате сметката за мобилниот интернет, ако често го користите може да биде премногу висока, па затоа ви даваме совет како да заштедите.
 
 
Новата надградба на мобилната апликација на интернет прелистувачот Chrome ќе ви заштеди 50 проценти од сметката за мобилен бидејќи со новите подобрување се остварува помалку интернет сообраќај поточно веб страниците кои ги посетувате поминуваат низ прокси серверите на Google и се намалува нивната големина.
 
How data compression proxy works
 
За да ги добиете новите бенефити од нејзиното користење треба да ја активирате опцијата за оптимизирање на интернет сообраќајот преку Chrome во менито "Settings > Bandwidth Management > Reduce data usage". Апликацијата Chrome е одличен избор за сурфање на интернет и кај многу Android смартфони доаѓа како дел од софтверот, а исто така корисниците на iOs може слободно да ја инсталираат.
 
Bandwidth usage
 
Отако ќе ја активирате опцијата за намалување на искористените податоци од интернет ќе може и да проверите колку интернет сообраќај сте заштедиле во менито за подесување на Chrome и заштедата се движи до 50 проценти. На овој начин доколку често се поврзувате преку мобилната мрежа ќе може двојно повеќе да посетувате интернет страни, да гледате видеа и да се вклучувате на социјалните мрежи.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov