Дефинитивен крај за Flappy Bird на eBay

Објавено на 12.02.2014 во Новости



Дефинитивен крај за Flappy Bird на eBay

Екстремно заразната игра Flappy Bird неодамна беше повлечена од страна на креаторот Донг Енгајен и на eBay се појавија голем број на телефони кои ја имаат инсталирано со што нивната цена достигнуваше неверојатни 90.000 долари. Но, онлајн продавницата реши дефинитовно да ги отстрани овие телефони од сајтот на eBay.
 
 
Причината за овој потег на eBay е оправдана со политиката на копанијата која бара секој електронски уред кој се поставува на продажба да ги отстрани сите дополнителни софтвери и да се продава како што бил во фабричка состојба, што е секако слаб изговор за огормното лудило кое започна со Flappy Bird и луѓето кои се подготвени да потрошат илјадници долари за да ја играат оваа неверојатно иритирачка игра.
Автор: Aleksandar Stankov