Моќниот LG G Pro 2 наскоро во продажба

Објавено на 19.02.2014 во Новости



Моќниот LG G Pro 2 наскоро во продажба

LG G Pro 2 е најновиот премиум смартфон кој неодамна беше најавен од страна на LG и сега официјално е соопштено дека ќе биде пуштен во продажба на 21 февруари, за почетокот во Јужна Кореја, додека пак купувачите во Европа и САД ќе може да го купат најрано во почетокот на април.
 
 
Полека се открива и неговата цена за која се претпoставува дека ќе се движи околу 500 долари без склучен договор. LG G Pro 2 да потсетиме има 5.9 инчен Full HD екран, минимална рамка околу екранот и одличен дизајн, потоа работи на четири-јадрениoт Qualcomm Snapdragon 800 процесор со 3 GB RAM, 32 GB меморија, 13 мегапикселна OIS камера и има одлична батерија со капацитет од 3200 mAh.