Sony го претстави светото Xperia тројство

Објавено на 24.02.2014 во Новости



Sony го претстави светото Xperia тројство

Sony Mobile се закани дека ќе го превземе местото под рефлекторите од Samsung и досега тоа им успева бидејќи прикажуаа дури три фантастични уреди. Фановите конечно може официјално да ги погледнат новиот супер премиум смартфон Sony Xperia Z2, новиот водоотпорен таблет Sony Xperia Tablet Z2, како и нов смартфон во средната класа Sony Xperia M2.
 
 
Sony Xperia Z2 претставува одлична надградба во однос на ланскиот модел и доаѓа со прекрасен 5.2 инчен Triluminоs екран кој има Full HD резолуција. Покрај поголемиот екран, промена има и во хардверот каде е употребен најновиот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 801 процесор со брзина од 2.3 GHz, со 3 GB RAM, 32 GB меморија, 21 мегапикселна камера и супер издржлива батерија од 3200 mAh.
 
 
Sony го престави и вториот таблет од семејствтото Sony Xperia Tablet Z кој не само што е водоотпорен туку и потворно ги сруши рекордите на компактност на дизајнот. Sony Xperia Tablet Z2 има фантастични димензии кои изнесуваат само 6.4 милиметри во дебелина и 426 грама во тежина. Sony Xperia Tablet Z2 работи на истиот Qualcomm Snapdragon 801 процесор, со 2 GB RAM, 16 GB, има батерија од 6000 mAh и 10 инчен Full HD Triluminоs екран.
 
 
Друштво на двата моќници им прави и Sony Xperia M2 кој има 4.8 инчен qHD екран, работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 400 процесор, со 1 GB RAM, 8 GB меморија, 8 MP камера, солидна 2330mAh батерија, и исто како и Sony Xperia Z2 и  Sony Xperia Tablet Z2 работи на најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4 KitKat.