HTC ги претстави новите Desire смартфони

Објавено на 24.02.2014 во Новости



HTC ги претстави новите Desire смартфони

HTC без голема еуфорија дојде на Светскиот мобилен конгрес но, не и со празни раце бидејќи ги престави новите HTC Desire 816 и HTC Desire 610 смартфони од средната класа доволно за загревање на атмосферата пред главниот настан закажан за 25 март кога доаѓа најсилното оружје HTC One 2.
 
Сега да ги преставиме новите HTC Desire 816 и HTC Desire 610 кои сигурно ќе ги привлечат купувачите во средната класа. HTC Desire 816 е првиот фаблет во оваа серија со големина на екранот од 5.5 инчи со HD резолуција од 720 x 1280 пиксели, работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 400 процесор, со 1.5 GB RAM, има 8 GB меморија која може да се надополни со мемориска картичка, одлична 13 мегапикселна камера и супер издржлива батерија со капацитет од 2600 mAh.
 
Вториот смартфон кој е претставен во Барселона е HTC Desire 610 со 4.7 инчен qHD екран, опремен со четири-јадрен Snapdragon 400 процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, слот за microSD картичка, BoomSound звучници, 8 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 2040mAh. Цената на HTC Desire 816 и HTC Desire 610 се уште не е откриена но, доколку се движи меѓу 200 и 300 долари со гаранција ќе бидат добар избор за купувачите кои сакаат висок квалитет по достапна цена.