Запознајте го маратонецот Lenovo S860

Објавено на 25.02.2014 во Новости



Запознајте го маратонецот Lenovo S860

Lenovo е амбициозна компанија која неодамна пртстави три нови смартфони во склоп на Светскиот мобилен конгрес и откако се расчисти прашината околу Samsung Galaxy S5 време е да се посвети внимание и на останатите производи. Овој пат ви го претставуваме маратонецот Lenovo S860 кој го заслужи овој епитетот со батеријата со рекорден капацитет од 4000 mAh.
 
 
Lenovo S860 е еден од најинтересните смартфони во последно време токму благодарение на мега батеријата која може да ја користите непречено со денови, а смартфонот може да се употреби и за полнење на други уреди. Lenovo S860 има 5.3 инчен HD екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели што е сосема доволно за остра слика со висок степен на деталност.
 
 
Хардверот на Lenovo S860 припаѓа на средната класа и се искористени нешто поевтини компоненти како што е четири-јадрениот Mediatek процесор со брзина од 1.3GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија и камера од 8 мегапиксели. Lenovo S860 ќе се продава по цена од 350 долари без склучен договор што е многу прифатлива сума за квалитетен смартфон од средната класа со батерија со огромен капацитет.




Прочитајте повеќе: