Boeing Black - Смартфон кој се самоуништува

Објавено на 28.02.2014 во Новости



Boeing Black - Смартфон кој се самоуништува

Boeing Black е првиот непробиен смартфон кој беше најавен уште пред еден месец и сега конечно е претставен пред јавноста, а со тоа и достапен за купување. Boeing Black нуди огромна заштита за приватноста на корисникот со голема енкрипција на пораките, повиците и интернет активностите со што речиси нема никакви шанси да бидете прислушкувани или следени.
 
 
Една од најинтересните опции на Boeing Black е што доколку некој се обиде да „влезе“ односно да го отвори куќиштето за добие пристап до чипсетот смартфонот автоматски ќе се самоуништи, поточно ќе ги избрише сите податоци.
 
 
Boeing Black работи на оперативниот систем Android, има 4.3 инчен HD екран, дво-јадрен процесор со брзина од 1.2 GHz, има батерија со капацитет од 1590 mAh и работи на сите видови мобилни мрежи.
 
 
Boeing Black исполнува голем број на безбедносни стандарди како енкрипција на дискот за чуствителни податоци, проверка на надворешен софтвер и надворешна конекција. Смартфонот наскоро ќе биде пуштен во продажба.