Viber конечно доаѓа на BlackBerry 10

Објавено на 05.03.2014 во Blackberry



Viber конечно доаѓа на BlackBerry 10

Viber пред една година најави дека во изработка е посебната апликација која ќе може без проблем да функционира на смартфоните од BlackBerry 10 но, кратко потоа проектот беше стопиран.
 
 
Сега, по повеќе месеци доаѓа информација од Viber според која активно се работи на решавање на проблемот и корисниците конечно да добијат функционална апликација за бесплатни повици и пораки. 
 
Предноста на Viber е што е достапен на сите мобилни и десктоп платформи и има огромен број на корисници, па затоа BlackBerry 10 уредите се сериозно хендикепирани. Корисниците на BlackBerry 10 во меѓувреме може да ја инсталираат Android верзијата на Viber од надворешен маркет која не е целосно оптимизиранa но, подобро нешто отколку ништо.
 
Автор: Aleksandar Stankov