Flipboard добива ексклузива од CNN

Објавено на 06.03.2014 во Новости



Flipboard добива ексклузива од CNN

Најкористениот онлајн магазин Flipboard склучи договор со најпозната светска медиумска организација CNN за превземање на ексклузивни вести, видеа и новински содржини од најгледаните политички програми. Од друга страна Flipboard направи уште еден одличен потег, а тоа е превземањето на Zite конкурентниот онлајн магазин кој беше во сопственост токму на CNN.
 
 
Според информациите кои ги пренесуваат медиумите Flipboard за овој договор потрошил 60 милиони долари иако од светската новинска мрежа CNN ја негираат сумата. Без оглед на потрошените пари, Flipboard направи одлична инвестиција, како прво може целосно да го контролира големиот конкурент Zite и при тоа да добива ексклузивни содржини од CNN.
 
 
Од Flipboard изјавија дека по транзицијата ќе ги задржат сите функиции на Zite во поглед на персонализацијата на изборот на содржини и извори на информации кои ги преферира корисникот, а ќе ги искористи и одличните технолошки можности на самата апликација.