Nokia Lumia 930 доаѓа во премиум класата

Објавено на 15.03.2014 во Новости



Nokia Lumia 930 доаѓа во премиум класата

Nokia Lumia 930 е најверојатно новиот премиум смартфон кој ќе биде лансиран во првата половина на 2014 година. Се работи за истиот уред кој претходно во јавноста беше откриен под кодното име Nokia Martini.

Според најновите информации Nokia Lumia 930 ќе биде за нијанса подобрена верзија на Nokia Lumia Icon кој пред еден месец беше ексклузивно промовиран за американскиот оператор Verizon. Тоа подразбира дека Nokia Lumia 930 ќе има 4.5 инчен Full HD екран, ќе работи на четири-јадрен процесор од 2.3 GHz, со 2 GB RAM, 16 GB меморија, 20 мегапикселна камера и батерија од 2700 mAh. 

Nokia Lumia 930 се очекува да биде и првиот смартфон кој ќе работи на новиот оперативен систем Windows Phone 8.1, што значи дека можниот датум на промоција ќе биде некаде во април, паралелно со објавата на Microsoft за наградбата на мобилната платформа.





Прочитајте повеќе: