SlideLock е клуч за секој смартфон

Објавено на 16.03.2014 во Android



SlideLock е клуч за секој смартфон

SlideLock е една од најновите апликации за Android која може да ја искористите за прилагодување на изгледот и функциите на заклучениот екран на смартфонот. Со SlideLock ви се отвораат огромен број на опции и стандардниoт заклучен екран може да се претвори во активна површина со известувања и команди од сите сервиси и апликации кои ги користите.
 
SlideLock - screenshot
 
Целта на SlideLock е да го скрати времето потребно за активирање на одредена опција на смартфонот, односно да нема потреба да го отклучувате смартфонот за да пристапите до менито и до самата нотификација, без оглед дали е порака, коментар од Facebook или некоја нова вест од Flipboard.
 
SlideLock - screenshot
 
Интерeсно е што за секоја апликација има уникатна листа на опции за прилагодување на самиот заклучен екран, нешто што не го добивате во основната верзија на Android смартфоните. SlideLock може да ја инсталирате за Android преку Play Store и истата е компатибилна со верзиите Jelly Bean 4.1 или понови.