Откриен е новиот Samsung Galaxy Ativ SE

Објавено на 17.03.2014 во Новости



Откриен е новиот Samsung Galaxy Ativ SE

Подолго време се шпекулираше за спецификациите на новиот смартфон на Samsung Mobile кој ќе работи на оперативниот систем Windows Phone и овој уред под кодното име Samsung Huron конечно е откриен, односно се протечени добар дел од неговите спецификации.
 
 
Според најновите информации смартфонот официјално ќе го носи името Samsung Galaxy Ativ SE и ќе поседува 5 инчен Full HD дисплеј, ќе работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon процесор но, серијата се уште не е позната. Хардверот ќе биде надополнет и со 2 GB RAM, заедно со стандардни компоненти за високата класа.
 
Дизајнот и естетиката многу потсетуваат на ланскиот фаворит Samsung Galaxy S4, што значи се очекува слично куќиште и квалитет на изработка, со физичко Windows Phone копче под екранот. Samsung Galaxy Ativ SE се очекува да пристигне на почетокот на април.
 




Прочитајте повеќе: