Џенифер Лопез освојува со Nokia Lumia 2520

Објавено на 17.03.2014 во Новости



Џенифер Лопез освојува со Nokia Lumia 2520

Џенифер Лопез ја продолжува соработката со Microsoft и оперативниот систем Windows Phone кој се почесто се промовира меѓу најголемите ѕвезди во Холивуд. Овој пат Џенифер Лопез го користи најновиот таблет Nokia Lumia 2520 во спотот за песната I Luh Ya Papi.
 
 
Идејата за спотот на Џенифер Лопез е да се сними видео во кое мажите ќе бидат во „подредена“ позиција, бидејќи секогаш жените се тие кои се разголени и прикажани како сексуални објекти. 
 
 
Спотот дефинитивно ќе и се допадне на женската популација поради огрoмниот број на згодни момци, додека пак мажите добиваат одлична комбинација на атрактивната Џенифер Лопез со таблетот Nokia Lumia 2520, погледнете и уживајте.