WhatsApp нема да се претвори во Facebook

Објавено на 18.03.2014 во Новости



WhatsApp нема да се претвори во Facebook

Откако Facebook ја превзема компанијата која ја изработи апликацијата за допишување WhatsApp се појавија голем број на предвидување дека податоците на корисниците ќе бидат искористени слично како што тоа го прави социјалната мрежа од податоците на профилите за пласирање на реклами, но Јан Коум основачот на WhatsApp категорично ги демантираше овие тврдења.

Според Коум почитувањето на приватноста и заштитата на податоците на корисниците е дел од ДНК кодот на WhatsApp и тоа нема да се промени. WhatsApp функционира независно и без реклами и компанијата не ги чува информациите за корисниците бидејќи не е потребна регистрација, туку само внесување телефонскиот број. Јан Коум истакна дека партнерството со Facebook не би го склучиле доколку за тоа е потребно да ги сменат нивните вредности, тогаш не би дошло до договор.