Sony ја започна надградбата со Android 4.4 KitKat

Објавено на 20.03.2014 во Новости



Sony ја започна надградбата со Android 4.4 KitKat

Sony Mobile е подготвен да ја реализира надградбата на оперативниот систем Android 4.4 KitKat која како што беше ветено ќе биде достапна во март за премиум моделите, додека останатите смартфони ќе почекаат до мај за комплетирање на целиот процес.
 
 
На првичната листа се најдоа сосема очекувано најквалитетните смартфони како Sony Xperia Z1, Sony Xperia Z1 Compact и Sony Xperia Z Ultra. Покрај нив добри вести има и за сопствениците на Sony Xperia Z, Sony Xperia ZL, Sony Xperia ZR, Sony Xperia Tablet Z, како и за смартфоните од пониските класи Sony Xperia Т2 Ultra и Sony Xperia Е2 кои исто така добиваат Android 4.4 KitKat надградба но, во мај.
 




Прочитајте повеќе: