BlackBerry наскоро со гласовен Intelligent Assistant

Објавено на 25.03.2014 во Blackberry



BlackBerry наскоро со гласовен Intelligent Assistant

Програмерите кои работат на новата верзија на оперативниот систем BlackBerry 10.3 откриваат дека во софтверот постои апликација која ќе служи за управување на смартфонот со гласовни команди слично како Siri и Google Now со можност за извршување на одредени задачи и пребарување на интернет.
 
 
Според програмерите апликацијата која засега е наречена само како Intelligent Assistant не функционира, односно не можат да откријат повеќе детали за нејзината примена, но очекуваат овој сервис да проработи до следната надградба на оперативниот систем BlackBerry 10.3 или пак да биде лансирана заедно со некој од новите BlackBerry смартфони планирани за есента 2014.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}